АМСМ: На Табановце има задржувања до 40 минути

од Nikola Popovski

И денеска се чека на граничниот премин Табановце. Задржувањата се околу 30-40 минути, а на останатите гранични премини, од македонската страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, информираат утрово од АМСМ.

Од таму додаваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Поради продолжениот викенд и вчера имаше гужви на границите. Граѓаните заминаа за Грција или Србија.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини