Анчелоти: Мбапе е најдобриот фудбалер во Европа

од Vladimir Zorba

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го опиша Килијан Мбапе како „незапирлив“ и најдобар фудбалер во Европа. Французинот му донесе победа на Пари Сен Жермен во првиот осминафинален натпревар против Реал Мадрид со гол во дополнителното време по брилијантен индивидуален продор.

„Мбапе е најдобриот играч во европскиот фудбал” – изјави Анчелоти по натпреварот. „Тој е незапирлив. Се обидовме да го браниме. Милитао направи многу добро, но тој е играч кој секогаш може да смисли нешто“.

Анчелоти се надева дека следната сезона нема да се соочи со Мбапе, туку 23-годишната ѕвезда ќе игра со „белиот“ дрес под негово водство.

Слични содржини