Анчелоти: Сити е фаворит против нас

од Симе Стоиков

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти се осврна на ждрепката од четврт-финалето во Лигата на шампионите со која за ривал го доби актуелниот шампион на Европа.

Манчестер Сити против Реал – трета сезона по ред.

Претходната година „граѓаните“ го нокаутираа Реал на патот кон европскиот трон, годината претходно исходот беше поинаков, а новото соочување носи нови возбудувања за сите љубители на најпопуларната игра.

„Можеби ќе ми се смеат за тоа што сега ќе го кажам, но сега сме подобри од било кога, тоа е реалноста“, изјави Анчелоти за својот тим, на прес-конференцијата пред мечот со Осасуна“, рече Анчелоти.

Накратко го евоцира споменот на минатосезонскиот дуел со Сити во Лигата на шампионите и колапсот по лошата игра во реваншот.

„Не одигравме добро на вториот натпревар поради многу причини. Ќе има време да го анализираме новиот натпревар со нив. Сега размислуваме само за тоа што не очекува утре“.

Улогата на фаворит им ја препушти на тимот на Гвардиола.

“Сите го гледаат Сити како фаворит, тие го освоија ова натпреварување минатата сезона. Но, ние исто така имаме самодоверба да направиме добар резултат. Тоа што реваншот е во Манчестер не ни пречи. Четврт-финалето на Лигата на шампионите историски се покаже како многу комплицирано за сите тимови.Тешко ќе им биде ним, ќе ни биде нам.Идејата со која го започнувате натпреварувањето е да го освоите, а ако сакате да го освоите, треба да го победите најдобриот тим, а тоа е Сити кој е најдобриот тим во Европа во моментов. Ако сакаме да бидеме први, мора да го победиме Сити“, јасен е Анчелоти.

Слични содржини