Ангелов: Апелирам до граѓаните да бидат внимателни во време кога во државата беснеат пожари

од desk4

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, со апел до граѓаните да бидат внимателни со своето однесување во ситуација кога секаде  во државата горат пожари.

-Апелирлам до граѓаните да бидат екстремно внимателни, на ваквата сува вегетација, доволно е една мала искра од било каков електричен уред, мала искра од жиците на бандерите или, на далноводите, еден оттпушок од цигара, верувајте има несовесни луѓе кои ги фрлаат, сето тоа  може да убие човек. Има одрдени сомневања дека се работи и за намерни потпалувања на пожарите, бидејќи се необјасенети причините за некои пожари, рече Ангелов.

На терен моментно се околу 300 војници од Армијата. Дејствуваат три хеликоптери од Србија, а вкупно се четири на располагање, три за гасење и еден за извидување. Од Бугарија се дојдени 25 пожарникари со 11 возила, од Словенија 40 пожарникари со 16 возила и од Австрија се очекуваат 120 пожарникари со 40 возила. Австриската извидница е веќе кај Пехчево, Берово, Делчево, во пијанечкиот регион, каде бугарските служби дејствуваат. Се бара поддршка и со воздухоплови, но секаде има пожари.

Слични содржини