Актуелно
Почетна / Македонија / Ангеловска: Инвестираме во обновливи извори на енергија кај болниците и енергетски ефикасни училишта

Ангеловска: Инвестираме во обновливи извори на енергија кај болниците и енергетски ефикасни училишта

 Инвестиции во енергетски ефикасни училишта, болници, општински згради, згради на централна власт, инвестирање во обновливи извори на енергија кај здравствените центри и регионални болници и формирање на Фонд за енергетска ефикасност, ќе се спроведат преку Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор. Законот за финансирање на овој проект е усвоен на последната владина седница, напиша на својот фејсбук профил министерката за финансии Нина Ангеловска.

 Одговорноста кон самите себе, тргнува од одговорноста кон животната средина. Вложуваме во енергетска ефикасност и обновлива енергија. На последната владина седница го усвоивме законот за финансирање на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор. Проектот, во вкупна вредност од 25 милиони евра од Светска банка, предвидува инвестиции во енергетски ефикасни објекти во јавниот сектор – училишта, болници, општински згради, згради на централна власт и улично осветлување, инвестирање во обновливи извори на енергија кај здравствените центри и регионални болници и формирање на Фонд за енергетска ефикасност кој ќе ги спроведува овие проекти. Со спроведување на проектот ќе делуваме кон намалување на потрошувачката на енергија во јавниот сектор и воспоставување одржливи механизми за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Одговорноста кон самите себе, тргнува од одговорноста кон животната средина, наведува Ангеловска.

Од Министерството за финансии информираат дека условите под кои се земаат средствата од Светска банка се исклучително поволни, односно каматна стапка која сега изнесува 0,16 проценти и  рок на отплата од 12 години со вклучен грејс период од 3 години. 

loading...