Анкета на „Стратум R&D“: Заев ќе биде премиер по изборите на 12 април

од Берта Китинска

Медиумската групацијата „Клип медиа“ во соработка со Институтот за истражување и развој „Стратум R&D“ спроведе истражувачки проект за ставовите и перцепцијата на граѓаните.
Целта беше да се идентификуваат клучните ставови на граѓаните за политиките, за иднината но и за најактуелните политичари на нашата политичка сцена, пренесува а1.он.

Согласно резултатите, попозитивна проекција за иднината граѓаните имаат доколку СДСМ остане на власт. 31.4% од испитаниците рекле дека состојбата ќе се подобри ако СДСМ остане на власт, додека 24.9% сметаат дека подобрување е можно доколку ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт.

Ако ВМРО ДПМНЕ дојде на власт, 37% се плашат дека состојбата ќе се влоши, додека пак истото за СДСМ го мислат 34.2%.

Ако остане ДУИ на власт дури половина од гласачите очекуваат влошување на состојбата.

Граѓаните сметаат дека Зоран Заев ќе биде премиер по изборите на 12 април.Ставовите кон лидерите на двете најголеми политички партии одат во прилог на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, најголем број 43% од испитаниците сметаат дека тој заслужува, целосно или делумно, да биде премиер на РСМ. За претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, гласале  31% од граѓаните.

Слични содржини