Апелација го одби барањето таткото на Вања да биде ослободен од притовор

од Stefanija Kuzmanovska

Апелациониот суд Скопје го одби барањето на одбраната на Александар Ѓорчевски, таткото на убиената 14-годишна Вања, да му се укине мерката притвор.

Според Судот, жалбата е неоснована.

„Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по предметот КСЖ-170/24, по одржана Јавна седница, на ден 22.2.2024 година, донесе Решение со кое жалбата на осомничениот А.Ѓ., од Скопје, изјавена преку неговиот бранител, ја одби како неоснована и го потврди Решението на Основниот кривичен суд со кое мерката притвор се продолжува за уште 30 дена“, соопшти денеска Апелационен суд Скопје.

На јавната седница во врска со ова жалба, што се одржа вчера во Апелационен суд Скопје, обраната на Ѓорчевски, преку адвокатот Владимир Туфегџиќ, побара укинување на притворот, бидејќи, според нив, не е предочен ниту еден доказ од кој произлегува основаното сомневање за сторено кривично дело, ниту им е овозможен увид во предметот.

Обвинителството во оваа фаза го застапува вишата обвинителка Фатиме Фетаи и таа вчера побара Ѓорчески да остане во притвор, поради опасност од бегство, по сторување на кривичното дело помагање во киднапирање и поради влијание врз сведоците.

За киднапирањето и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, во притвор се уште четворица осомничени, а првоосомничениот Љупчо Палевски се наоѓа во екстрадиционен притвор во Турција, откако беше уапсен по потерница во Беликесир на 5 декември.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември минатата година.

Слични содржини