Арсовска го демантира „IQAir“: Скопје не е ниту најзагаден град во земјава

од Nikola Popovski

Од Град Скопје велат дека лажни вести се денешните објавени податоци од платформата „IQAir“, според која главниот македонски град беше втор најзагаден во Европа, а десетти во светот.

-Неразбрлива е за нас потребата од пласирање на сензационалистичката лага за наводна загаденост на градот Скопје, особено поради фактот што светскиот мониторинг сервис „WAQI“ кој во реално време ги покажува податоците за нивото на загаденост во сите градови во светот, јасно покажува дека Скопје не е ниту најзагаден град во Македонија, а не пак во светот. Дополнително и на националните мерни станици се потврдува истото, се вели во соопштението на Град Скопје.

Според градската администрација, најзагадени градови во Македонија во последните 48 часа се Кавадарци, Струмица и Тетово.

Скопје утринава повторно се најде на второто место на најзагадени градови во Европа според платформата „IQAir, која го следи аерозагадувањето во реално време.

Со индекс на квалитетот на воздух од 161, аерозагадувањето во Скопје во моментов е штетно по здравјето, а полош воздух од македонскиот главен град во Европа е регистриран само во Сараево.

Слични содржини