Арсовски: „Дуинг Бизнис“ потврди дека економијата во Република Македонија тоне (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„Светската банка преку својата публикација „Дуинг Бизнис“ која излегува еднаш годишно, потврди дека економијата во Република Македонија едноставно тоне. Република Македонија, на листата на Дуинг Бизнис падна за 7 места од 10 на 17 место во светот. Тоа автоматски докажува дека Владата не работи ништо ама баш ништо за одржување на бизнис климата, а не пак за подобрување“, вели денеска Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Залудни се спиновите од страна на Министерката Нина Ангеловска дека сме се уште први во регионот или пак пред дваесет и неколку земји во Европа. Залудни се тие спинови сепак се покажа дека ништо не се работи на полето на реформите за подобрување на економијата“, посочува Арсовски.

Слични содржини