Асанж: Нападот во Њујорк немаше да се случи ако ЦИА не ги вооружуваше терористите

од desk2

Основачот на Wikileaks, Џулијан Асанж ја критикуваше Централната разузнавачка агенција (CIA), велејќи дека смртоносниот терористички напад во Њујорк, немаше да се случи ако оваа агенција водела истрага против терористите, место да ги обучува и да ги вооружува.

„ЦИА да посветеше повеќе време на истрага, а помалку на обука и вооружување на терористите нападот во Њујорк веројатно немаше да се случи“, напиша Асанж на Twitter по вчерашниот напад со камион во центарот на Њујорк каде загинаа осум луѓе.

Осомничен за нападот е 29-гоишниот имигрант од Узбекистан Сајфуло Саипов. Тој прво со камион удри во пешаци и велосипедисти на Долен Менхетен, а потоа и во школски автобус. Кога излезе од возилото во рацете носеше лажно оружје.

Слични содржини