„AstraZeneca“ „на пауза“ и во Пиемонт, починал наставник по вакцинација

од Vladimir Zorba

Италијанскиот северен регион Пиемонт денес објави дека привремено ќе ги суспендира вакцините на компанијата „AstraZeneca“ откако по вакцинацијата умрел наставникот од градот Бјела. Денес, ирските регулатори објавија дека препорачуваат престанување на употребата на вакцината како мерка на претпазливост, а одлуките за прекинување на употребата на „AstraZeneca“ претходно ги донесоа Норвешка, Данска, Исланд, Бугарија и Романија.

Одлуката, по слични мерки во остатокот од Европа, беше донесена како мерка на претпазливост. Регионот ги чека резултатите од проверките што ќе утврдат која серија вакцини биле користени и дали смртта е поврзана со вакцинацијата, објави регионалната влада. Во изјавата не е наведено како починал наставникот.

„Тоа е чин на крајна претпазливост, додека проверуваме дали има врска. До денес немаше критични проблеми со давање на вакцини“, се вели во соопштението на регионалната здравствена служба.

Италијанската администрација за лекови „Аифа“ во четвртокот забрани употреба на една серија вакцини „AstraZeneca“, а одлуката е донесена по смртта на двајца мажи на Сицилија.

Италија пријави 264 смртни случаи поврзани со коронавирус денес, 53 помалку од ден претходно, соопшти Министерството за здравство, додека дневниот број на нови инфекции се намали на 21.315 од 26.062 претходниот ден.

Италија регистрирала 102.145 смртни случаи поврзани со ковид-19 од почетокот на епидемијата во февруари минатата година, што ја прави втора во Европа по Велика Британија и седма во светот.

Слични содржини