„AstraZeneca“: Нема докази за зголемен ризик од згрутчување на крвта

од Vladimir Zorba

Британско-шведската компанија „AstraZeneca“ денес објави дека ги прегледала податоците за луѓето вакцинирани со вакцината против Ковид-19 и дека не открила докази за зголемен ризик од згрутчување на крвта.

Вклучени се над 17 милиони луѓе вакцинирани во Европската унија и Велика Британија, пренесе Ројтерс.

– Внимателен преглед на сите достапни податоци за безбедност од повеќе од 17 милиони луѓе вакцинирани во Европската унија и Велика Британија со „AstraZeneca“ не покажа докази за зголемен ризик од белодробна емболија, длабока венска тромбоза или тромбоцитопенија на која било дефинирана возраст, пол, група или во која било специфична земја – се наведува во соопштението.

Слични содржини