Audi реши да забави со електрификацијата

од Vladimir Zorba

Електрификацијата останува во фокусот, но повеќе не со интензитет како што е планирано. Новиот извршен директор на компанијата, Гернот Долнер, рече дека ќе продолжи да ја турка продажбата на модели напојувани од мотори со внатрешно согорување, хибриди и plug-in хибриди и електрични автомобили, но на начин што ќе ги одржува среќни нејзините дистрибутери.

Во последните години, Audi најави 20 нови модели до 2026 година, од кои најмалку половина ќе бидат електрични. Сепак, секвенцата на лансирање не беше дефинирана, а сега Долнер тврди дека лансирањето на класично напојувани модели со внатрешно согорување и plug-in хибриди е подобро за потрошувачите и за нив на краток рок.

„Прво погледнавме каков редослед и интензитет на лансирање може да се справи организацијата“, изјави Долнер за Блумберг. „На крајот решивме да го развлечеме за да не ги преоптовариме дилерите“.

Нема сомнеж дека Audi наскоро ќе мора да започне со лансирање на нови модели бидејќи Mercedes и BMW работат со полна пареа, без разлика дали станува збор за модели со класичен погон или електрични новитети, пишува „Index“.

Audi се уште чека на финализирање на PPE платформата, која доцни поради софтверските проблеми на Volkswagen. Audi Q6 e-tron, како и некои други Porsche и Bentley, беа одложувани во неколку наврати.

„Со оваа тријада – нашите нови електрични возила, новата генерација plug-in хибриди и моделите на мотори со внатрешно согорување – ние сме цврсто и флексибилно позиционирани за преодната фаза“, рече Долнер. Тој додаде дека електричните возила ќе продолжат да бидат важни за брендот бидејќи придобивките од технологијата стануваат „чекор по чекор видливи за потрошувачите“.

Слични содржини