Азири: АА е спремна да го поддржи Касами во Тетово

од Nikola Popovski

АА е спремна да го поддржи Биљал Касами во Тетово и дека се спремни за да преговараат со Беса, изјави членот и пратеник Елми Азири од коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива во дебатната емисија „Клик плус“ на ТВ21.

Според него, очекуваат во наредните денови да имаат преговори.

-Да видиме, можно е да дојдеме до некоја соработка. Важно е да падне ДУИ и Теута Арифи, која заслужува нула гласови затоа што ништо не сработи за Тетово, истакна Азири.

Тој признава дека на листите за совети, ДУИ води 2:1 наспроти Алијанса, но е убеден дека Алијанса ќе добие повеќе општини во вториот круг.

Слични содржини