Бачев: Апасиев е лажен левичар, има добиено 280.000 евра од 2017 до 2020 година

од Aleksandar Petrovski

Во гостувањето во Само Вистина, Јанко Бачев рече дека Левица е наменска партија и дека лажно се претставуваат во јавноста.

-Формирана е наменски за изборите. Таа партија е формирана есента 2015 година тогаш ВМРО-ДПМНЕ оценува дека му треба наменска партија. Мијалков го задолжува Емил Димитриев, од Левица сакале да биде Лабуристичка партија, но ВМРО смета дека е посоодветно да се Левица. Го наградуваат лидерот на таа сега партија во Аеродром со стан во зграда на Ивица Коневски, комшии се и денес таа врска се остварува, тој и денес е играч на Мијалков. На изборите настанува конфликт, Апасиев се прешалтува со Сорос, учествуваше во палење на канцеларијата на Иванов, па Заев го наградува со советничко место во СЈО со хонорар од 40 илјади денари. Се претставува како професор по Римско право, а на Јанева и требаше советник од кривично-правна обаст. Беше вметнат по задача. Очигледно Апасиев добро манипулира со масите, доаѓа со точак во Собрание, а вози Алфа Ромео, вели дека е дете на стечајни работници, Левица е партија која се бори за работниците. Тој е лажен левичар, има добиено 280.000 евра од 2017 до 2020 година. Се претставуваат левичари, а немаат фонд за помагање на луѓе и деца на транзицијата, рече Бачев.

Слични содржини