Баерн со поддршка за Улрих за чудната грешка против Реал

од Vladimir Zorba

Фудбалерите на Баерн Минхен го поддржаа голманот Свен Улрих по ужасната грешка за време на 1/2-финалниот реванш-дуел од Лигата на шампионите со Реал Мадрид, кој заврши 2: 2.

Секунди по почетокот на второто полувреме, Корентен Толисо даде пас кон 29-годишниот голман, кој се двоумеше што да направи, ја испушти топката и го остави Карим Бензема пред празна мрежа. Францускиот стрелец неможеше да згреши од слична позиција и им донесе предност на „белите“.

На крајот токму овој момент од реваншот одигра огромна улога и баварците беа елиминирани по 1:2 во Минхен пред една недела. Улрих се извини за грешката во социјалните мрежи, каде што доби поддршка од соиграчите и навивачите.

„Горе главата! Ние сме тим“, напиша Хамес Родригез. Џером Боатенг исто така се заложи за голманот, а официјалниот профил на Баерн стави хаштаг: „Mia san Mia“ (Ние сме ние), поддржан со охрабрувачки емотикон.

Претходно и Хави Мартинез напиша: „Си ни ги спасил задниците многу пати Уле“.

Слични содржини