Бајден: Однесувањето на Русија не е во согласност со очекувањата

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот претседател Џозеф Бајден предупреди денеска дека се повеќе се препознава дека однесувањето на Русија не е во согласност со очекувањата.

Говорејќи непосредно пред почетокот на самитот на Северноатлантската алијанса во Брисел, Бајден потврди дека НАТО е од клучно значење за американските интереси и рече дека САД се рамо до рамо со Европа, пренесува „Ројтерс“.

„Членот 5 е света обврска во доктрината на НАТО“, рече Бајден, посочувајќи на одредбата што ги обврзува сите членки да дојдат на помош и да возвратат ако која било земја од алијансата е цел на вооружен напад.

„Би сакал Европа да знае дека Соединетите држави се покрај неа“, истакна претседателот на Соединетите држави.

Слични содржини