Барселона должи „милијарда“, a троши како Сити

од Vladimir Zorba

Роберт Левандовски денеска ќе го облече дресот на Барселона, утре сигурно ќе биде претставен како нов напаѓач, а со плаќањето на 45 милиони евра на Баерн (плус 5 преку бонуси), шпанскиот гигант стана третиот клуб во светот во овој преоден рок кој потроши 100 милиони евра за обесштетувања.

„Тие должат милијарда, но трошат како Манчестер Сити“, е еден од насловите за тоа како Барселона, од клуб кој до пред две недели беше блокиран и му беше забранет да купува нови играчи, дојде да се искачи на третото место на „трошачите“ во овој преоден рок.

Претседателот Жоан Лапорта доби дозвола од Собранието на клубот да го продаде имотот со цел да ги надомести долговите и да ја одблокира работата. Прво продаде 10, а потоа уште 15 отсто од ТВ правата за пренос во следните 25 години на американската компанија „Six Street“ за околу 330 милиони евра, со што делумно ја отстрани блокадата и ја донесе завршната сметка за минатата сезона до „плус“.

Сепак, за да ги регистрира Франк Кеси, Андреас Кристијансен, Усман Дембеле, Рафиња и Левандовски, до 31 август ќе треба да додаде дополнителни 300 милиони евра во касата за да го усогласи буџетот во духот на фер-плејот во Примера. Тие пари ќе се добијат од продажбата на 49 отсто од маркетинг агенцијата на Барса.

Барселона за Рафиња на Лидс му плати 55 милиони евра со 10 милиони евра можни бонуси, а 45 милиони евра (5 милиони бонуси) за Лева. Потрошија вкупно 100 милиони со 15 милиони евра можни бонуси.

Со ова стигнаа до третото место на „трошачи“ во Европа, зад Манчестер Сити, кој потроши 108 милиони за трансферите на Ерлинг Халанд (60) и Калвин Филипс (48). Вториот е Лидс, кој заработи 106, а потроши 105 милиони евра на: Бренд Аронсон (33), Луис Синистера (28), Тајлер Адамс (17), Расмус Кристенсен (13), Марк Роко (12) и Дарко Џаби (6) .

Каталонците досега заработија 25,5 милиони евра продавајќи ги Кутињо (20), Реј Манеј (2,5) и Тринкао (3), а се уште се борат со Де Јонг, кој доколку се согласи да замине во Манчестер Јунајтед, би им донел 75 милиони евра.

Арсенал ги доведе Габриел Жесус (52,2), Фабио Виера (35), Мет Тарнер (6,36) и Маркињос (3,5) и е четврти на листата со 97 милиони евра, додека Челси за трансферите на Рахим Стерлинг и Калиду Кулибали досега потроши 94 милиони евра.

Ова е до денеска, а треба да се очекува дека голем број клубови ќе ја надминат цената од 100 милиони евра, бидејќи чекаат да се реализираат неколку големи трансфери како Матијас Де Лихт, Милан Шкрињар…

ТОП 10 „трошачи“

1. Манчестер Сити 108 милиони евра

2. Лидс 105

3. Барселона 100

4. Арсенал 97

5. Челси 94

6. Тотенхем 87

7. Борусија Д. 86

8. Ливерпул 85

9. Реал Мадрид 80

10. ПСЖ 79

Слични содржини