Беџети го повика Касами јавно да се извини

од Берта Китинска

Поранешниот градоначалник на Тетово, Сади Беџети, вчерашната изјава на актуелниот прв човек на општината, Биљал Касами ја нарече клевета и невистина.

Според Беџети, тој својата работа во општина ја вршел чесно и дека Финансиската полиција не ја истражува работата од времето кога тој бил на чело на општината. Беџети во изјава за ТВ 21 го повика Касами јавно да се извини, бидејќи во спротивно, како што најави, ќе го тужи за клевета.

Финансиската полиција вчера изврши упад во Општина Тетово, каде вршела истражни активности да го провери работењето на Општината во изминатиов период. Тетовскиот градоначалник Биљал Касами обвини за политички притисок врз него.

Праша зошто инспекторите сега истражуваат што се работело во мандатот на поранешниот градоначалник Сади Беџети, кој функцијата ја извршуваше од 2009 до 2013 година., А, тоа не го направила кога на чело на општината беше Теута Арифи.

Од финансиската полиција, велат дека постапуваат по предмет на ОЈО

– Управата за финансиска полиција веќе неколку месеци прибира податоци и сознанија и постапува по наредба на Основното Јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Управата во своето редовно работење постапува неселективно и непристрасно, согласно своите законски надлежности и добиените насоки и наредби од ОЈО. – велат од Финансиска полиција.

Слични содржини