Белград: 20 полицајци шутираат и удираат млад човек (Вознемирувачко Видео)

од Vladimir Zorba

Вознемирувачко видео од судирот меѓу демонстрантите и припадниците на српската полиција е снимено вечерва на Теразија, кога повеќе од 20 припадници на таа единица шутираа млад човек кој лежеше на улица.

Видеото јасно покажува како, меѓу облаците солзавец, членовите на жндармеријата ги бркаат демонстрантите од Теразија во правец на улицата „Драгослав Јовановиќ“.

На патот се гледа еден помлад човек како лежи и двајца полицајци го напаѓаат во од, а потоа и цел кордон.

Несреќниот млад човек се обиде да се заштити од бројните удари што му ги нанесоа околу дваесетина специјалци со палки, но и со нозе, а потоа насилно го кренаа и го фрлија на тротоарот, каде беше уапсен.

Слични содржини