Белград: Жандармеријата ги растера демонстрантите, се фрла солзавец! (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Полициските вооружени сили ги растеруваат демонстрантите по силниот напад врз полицајците кој се случи околу 23 часот.

Единица на жандармеријата тргна во брза акција да ги растера хулиганите пред српскиот парламент.

Тие ги потиснаа демонстрантите кон црквата Свети Марко.

Демонстрантите претходно фрлаа камења и го напаѓаа полицискиот кордон.

Фрлена е и димна бомба, а полицијата фрли еден канистер со солзавец.

Еден полицаец беше удрен во ногата, летаа факели. Демонстрантите буквално ја нишанеа полицијата со факели и камења.

Петмина млади мажи ја нападнаа полицијата со камења пред парламентот, па се повлекоа кон група демонстранти.

Демонстрантите искршија камени плочи на паркингот и ги фрлаа во полицијата.

Тогаш се појавија засилувања на полицијата и жандармеријата започна да ги растерува демонстрантите.

Група демонстранти продолжува да ја напаѓа полицијата.

Околу 23.30 часот, полицијата започна да ја растерува групата кон плоштадот Никола Пашиќ, скоро нема демонстранти пред Собранието.

Од друга страна, кај Главната пошта, жандармеријата држи кордон, каде има друга група демонстранти во близина на црквата Свети Марко.

Слични содржини