Белорускиот премиер: На суд ќе бараме оштета поради санкциите од ЕУ

од Nikola Popovski

Премиерот на Белорусија, Роман Головченко, изјави денеска дека Белорусија ќе бара отштета пред судот за загубите предизвикани од санкциите воведени врз Минск по инцидентот со летот на Рајанер.

„Цврсто чувствуваме дека сме во право и подготвени сме да ги браниме нашите интереси на суд. „Мислам дека ќе можеме да добиеме надомест за штетата што ни беше нанесена“, рече белорускиот премиер во интервју за ТВ Белорусија-1, пренесува ТАС С.

Европската унија од денес забрани белоруски авиони да летаат над нејзиниот воздушен простор, како и пристап до аеродромите по присилното слетување на авионите на Рајанер.

Одлуката на Советот на Европската унија, која е прва официјална мерка на ЕУ по инцидентот со летот на Рајанер кон Минск, прецизираше дека забраната не важи за хуманитарни летови, како и за присилни слетувања и итни летови, пренесува Танјуг .

Авионот на „Рајанер“, кој летал од Атина до Вилнус, бил принуден да слета на аеродромот во Минск на 23 мај поради објавата дека е поставена бомба, што се покажа како лажна, а по тој повод новинарот и опозиционерот Роман Проташевич беше уапсен, што наиде на осуда и критики од западните земји.

Слични содржини