Без Албанија „Отворен Балкан“ е мртов проект, велат од Алијанса

од Nikola Popovski

Од 2019 година, кога се иницира процесот на Отворен Балкан, континуирано ја изразуваме нашата резервираност за оваа асиметрична, неинклузивна и дупликативна иницијатива. Токму поради овие причини, Отворен Балкан не ја доби поддршката ниту од самата Европска Унија, во чие име беше започнат, сметаат од Алијанса за Албанците.

Од партијата велат дека штетите на иницијативата во регионалната соработка во целина несомнено ги надмина индивидуалните придобивки во трите земји учеснички.

-Наместо да ја зголеми довербата и да го зајакне духот на соработка, овој проект уште повеќе го поларизираше Западен Балкан во веќе немирно време за регионот и континентот. Затоа, го поздравуваме повлекувањето на Албанија од оваа иницијатива и целосното фокусирање на албанската влада во Берлинскиот процес, како единствена рамка за економско-политичка интеграција на регионот, решавање на преостанатите пречки за постигнување на заедничкиот регионален пазар и единствен начин за интеграција на Западен Балкан во Европската Унија, истакнуваат од партијата на Арбен Таравари.

Со излегувањето на Албанија од овој механизам, АА оценува дека Отворен Балкан е мртов проект и дека сега целата енергија на владата на Северна Македонија треба да биде посветена на имплементацијата на акциониот план 2021-2024 на заедничкиот регионален пазар, за доброто на граѓаните на земјата и регионот во европски и егалитарен дух што се однесува на односите меѓу шесте земји од Западен Балкан.

-На импровизациите и авантурите во рамките на паралелни процеси, неинклузивни и кои што водат кон еден Западен Балкан со две брзини им дојде крајот, стои во соопштението на АА.

Премиерот Димитар Ковачевски и неговиот албански колега, Еди Рама вчера ја поддржаа иницијативата, бидејќи носи придобивки и за граѓаните и за бизнисот. Според нив, приказната со Отворен Балкан не е завршена, а резултатите се видливи. Рама додаде и дека целта е да се поддржи Берлинскиот процес за да прерасне во функционален

Слични содржини