Безредитето на Чулев во МВР продолжува: Обезбедување на Иванов отишло на работа во Вила Водно

од Aleksandar Todeski

Неколку телохранители кои го обезбедувале експретседателот Ѓорге Иванов утрово се појавиле на работа во Вила Водно наместо на местата на кои биле рапсределени откако претседател на државата е Стево Пендаровски, поради безредието кое настана откако техничкиот министер Наќе Чулев испрати телеграма со која се поништуваат распределувањата на неговиот претходник, актуелниот технички премиер Оливер Спасовски. Од Кабинетот на Пендаровски за Локално велат дека не постојат измени во ресурсите и бројноста на обезбедувањето на претседателот.

„Во врска со вашите прашања би сакале да информираме дека не постојат измени во ресурсите и бројноста на професионални лица од Министерството за внатрешни работи кои се ангажирани за обезбедувањето на претседателот Стево Пендаровски, односно го обезбедува истиот тим на лица од почетокот на мандатот. Во однос на број на луѓе кои го обезбедувале претседателот Иванов, а се опфатени со актите со кои се упатени на претходни работни позиции, ве информираме дека станува збор за неколку лица, кои во моментов не се ангажирани за обезбедување на претседателот“, велат од кабинетот на претседателот Пендаровски за Локално.

Техничкиот министер Наќе Чулев ги поништи сите распоредувања кои беа направени од страна на премиерот Спасовски во петокот, па сега голем дел од вработените не знаат каде да продолжат со своите работни места, дали онаму каде биле прераспределени или онаму каде што се поставени со актот на Спасовски.

Телеграмите на Чулев направија целосно безредие во Министерството за внатрешни работи, бидејќи тој побара и автомобили кои се дадени на користење кај техничкиот премиер Спасовски, кај претседателот Пендаровски и директорот на БЈБ, Сашо Тасевски. Дополнителната заменик-министерка Славјанка Петровска во изјава за Локално во саботата рече дека се надева дека Чулев ќе си ја увиди грешката со цел МВР да продлжи да функционира како што треба, а подоцна најави и кривична пријава против него.

Александар Тодески

Слични содржини