Постојано се водат дебати околу постоечките контрацептивни средства. Додека жените имаат цела палета на можности, мажите се ограничени само до три контрацептиви: кондоми вазектомијата и апстиненција.Последното не е најпосакувано. 82% од мажите го искажуваат својот став дека би сакале да имаат повеќе можности во изборот на контрацепција, пишува Cosmopolitan.

Па, што се случува по прашањето?

Излегува дека најголемиот предизвик за науката е машката биологија. Посилниот пол произведува околу 1 500 сперматозоида секоја секунда, додека жените создаваат една јајце клетка месечно.

“Ако ја потиснеме овулацијата на една жена до 98%, таа ќе влегува во овулаторна фаза само во два месеци од сто”, раскажува проф. д-р Џон Аморим, кој ги истражува можностите за машки контрацептиви 15 години. “Ако го потиснеме производството на 98 % од спермата кај мажите, спокојно би можеле да останат еден милион сперматозоиди во подготвеност”.

И уште еден проблем – здравите мажи никогаш не се неплодни. Додека играта со лековите против забременување и женските хормони го остава организмот со впечатокот за постоечка бременост, застанувајќи го производството на јајца.

“Кај мажите такво нешто едноставно нема”, коментира проф. д-р Аморим.

А, сепак, и несаканите ефекти од машкaта пилула не се за потценување. 63% од мажите не би користеле сличен производ, под услов тој да предизвикува акни и дебелеење.

“Мажите едноставно се кукавици”, смета пак д-р Дру Пински. “Тоа е нешто во што жените минуваат постојано, додека мажите дури и не можат да замислат пирмање на слична контрацепција”. Според Пински посилниот пол нема истата мотивација.

Истражувањата во универзитети и невладини организации, потпомогнати од Националниот институт за здравје во САД, спроведуваат експерименти со хормонални и хормонски таблети, локални гелови со тестостерон, кои сите имаат за цел да го блокираат семепроводите кои исфрлаат семена течност. Германски пронаоѓач дури патентирал медицински изум за т.н. тестис-прекинувач – имплант во скротумот, кој буквално да го вклучува и исклучува исфрлањето на сперма.

За жал (или пак не) овие контрацептивни средства нема да се појават наскоро за широка употреба, од причина што уште не поминале целосно клиничко тестирање.

А сепак 3-ца од 4-ца мажи би го разгледале вовлекувањето во контрацептивен метод, кој ќе претпоставува секојдневен прием на таблети или поставување на инјекција на секои неколку месеци.

50% од испитаниците во истражувањето изјавиле дека би земале хормонални лекови кои ќе го намалат производството на семена течност во организмот.

“Како ерген би се радувал ако имам средство со кое сигурно ќе имам контрола над ситуацијата”, смета Камерон Рементор, 27-годишен студент, кој учествува во истражувањата на проф. д-р Аморим.

Слични содржини