Битолчанка фатена како нуди сексуални услуги на Широк сокак

од Nikola Popovski

Полицајци затекнале жена на возраст од 34-години од Битола како нуди сексуални услуги на Широк сокак, информираат од МВР.

Според полицискиот билтен, на 21.05.2023 во 21.30 часот кај Градското шеталиште во Битола, полициски службеници од СВР Битола затекнале 34 годишна битолчанска како нуди сексуални услуги, односно при оддавање на проституција.

По документирање на настанот против неа ќе следува соодветен поднесок.

Слични содржини