Бизнисменот Костовски ги повикува институциите да се вклучат во истрага за Еуростандард Банка

од Берта Китинска

Трифун Костовски упати јавен повик до претседателот на Собранието Талат Џафери, до Обвинителството за организиран криминал, до Антикорупциска комисија и МВР за да вклучат во истрагата околу случајот за стечајот на Еуростандард банка.

„Јас, Трифун Костовски ги повикувам горе наведените институции да се вклучат во истрагата околу случајот за стечајот на Еуростандард банка, кој изобилува со недоследности од страна на надлежните институции и многу нејасностии за носењето на оваа одлука. Ги молам институциите да почнат да дејствуваат по принципот на допрен глас“, стои во јавниот повик од Костовски.

Слични содржини