Бочварски: Најголем патриотизам е да се внесе државата во НАТО

од Viktor Jovanov

Благој Бочварски, градоначалникот на Штип и висок партиски функционер на СДСМ, во дебата на ТВ24 изјави дека промената на името се случила од една единствена цел, а тоа е интегрирање на државата во НАТО и Европската унија. Според Бочварски најголем патриотизам е Македонија да се внесе во овие евроатлантската алијанса.

„Промената на името е со цел евроатлантска интеграција на државата. Најголем патриотизам е да се внесе Македонија во НАТО. ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период ја оддалечи државата од европските текови“ вели Бочварски.

Слични содржини