Богоевски: Заев е нов бренд на политичар кој што не е карактеристичен за Балканот

од Nikola Popovski

Заев е нов бренд на политичар кој што не е карактеристичен за Балканот. Да не зборавиме и чувството на одговорност, вели граѓанскиот активист и поранешен пратеник на СДСМ, Павле Богоевски за емисијата „Утрински брифинг“.

Според него, Заев е човек кој што е подготвен да испорача за тоа што го ветил.

-Мислам полесно ќе одеа работите доколку не ја најавеше оставката воопшто и доколку не ги услови исходот на градот Скопје и судбината на централната власт, смета Богоевски.

Во однос на седницата во четврток, поранешниот пратеник смета дека ништо не се знае и ништо не е сигурно.

-Луѓето знаат да се одречат од кажаното. Нема прогноза. Оваа драма не е при крај. Пазар за пратеници е вулганизирана дефиниција. Би замолил да се прави разлика меѓу законски и незаконски притисоци во Собранието. Ако вие одлучите вашиот потпис да стои со потписот на Апасиев и Крмов, вие имате одговорност да се носите со притисокот кој што претстои. Доколку е поткуп, ги охрабрувам моите поранешни колеги да го пријават, потенцира Богоевски.

 

Слични содржини