Богоевски: Заев покажа дека ја цени волјата на граѓаните

од Nikola Popovski

Заев замина од премиерската функција со крената глава. Гордо и донстоинствено како што и дојде, смета поранешниот пратеник и граѓански активист, Павле Богоевски.

Тој наведува дека „времето ќе го суди неговото наследство, но дури и да судиме само по неговата последна одлука, таа да се повлече – тоа е целата разлика која ни е потребна“.

-Од едната страна, тие кои се вратија се истите кои беа подготвени целата држава да ја втурнат во насилство, крв и омраза само за да ја зачуваат власта. Тие се подготвени повторно да го сторат истото, и полошо.

Од другата страна, Заев покажа дека ја цени волјата на граѓаните, но и дека ја сака и почитува својата функција доволно за да се повлече и да поднесе одговорност кога граѓаните ќе го побараат тоа. Мирно, достоинствено и без никаков конфликт.

На овие избори ние не покажавме дека сите СЕ исти. Покажавме дека сите НИ СЕ исти. Сметката за тоа допрва ќе ни биде испорачана, напиша Богоевски на Фејсбук и ја поздрави оставката на Заев, со зборовите:

-Вредностите над функцијата. Респект, другар!!!

Слични содржини