Болниците во оваа европска земја бележат рекорден број ковид пациенти: Капацитетите пред колапс

од Stefanija Kuzmanovska

Чешките болници пријавија рекорден број на пациенти со КОВИД-19, покажуваат податоците објавени во средата.

Вкупно 8.162 пациенти се лекуваат од КОВИД во болниците, а Министерството за здравство посочува дека ова е најголем број од избувнувањето на пандемијата.

1.600 од нив имаат многу тешка форма на болеста, поради што се ставаат на респиратори.

Во последните 24 часа биле евидентирани 16.642 нови случаи на инфекција. Во текот на изминатата недела имало 780 заразени на 100.000 жители.

Во источна Чешла е активиран план за итни случаи затоа што болничките установи се пред „пукање“.

Слични содржини