Борбата продолжува: Французите имаат нов тест, Полјаците тестираат лек за коронавирус

од Vladimir Zorba

Сигурно е дека коронавирусот нема да исчезне, а научниците брзо работат на откривање на нови методи за тестирање, но и со лекови кои би можеле да помогнат вториот бран на планетата да го пречекаме поподготвени.

Денес француски конзорциум ја започна фазата на производство на најновиот скрининг тест за откривање на новиот коронавирус, заснован на плунка.

Тестот ќе го вршат здравствени работници, кои од пациентот ќе соберат помалку од еден милилитар плунка, а потоа ќе го постават примерокот во две тест-цевки на 65 степени, по што резултатите ќе бидат прочитани, пренесува Ројтерс.

Конзорциумот, кој се состои од компаниите „Vodo“, „Skull Cell“ и лабораториите „CNRS“, се надева дека најновиот тест ќе биде на пазарот до средината на јуни.

Истражување за иновативниот лек за „Ковид-19“, кој содржи имуноглобулин IGG, ќе се спроведе во полскиот град Лублин.

Произведениот лек ќе се заснова на крвната плазма на луѓе кои се опоравиле од вирусот , пренесува „Poland In“.

За целите на овој проект, крвната плазма ќе биде земена од околу 230 луѓе, што се очекува да биде доволно за околу 3.000 дози.

Имуноглобулин IGG, антитела кои се користат за лекување на пациенти со коронавирус, ќе го произведе полската компанија „Биомед Лублин“ и „Шчепионек“.

„Биомед Лублин“ објави дека лекот ќе биде подготвен за тестирање, три месеци по приемот на плазмата.

Поради законските регулативи, пред да се одобри, лекот мора да помине клинички тестови за да ја потврди неговата ефикасност и безбедност.

Компанијата наведува дека лекот може безбедно да се чува за неколку месеци и да се користи кога се зголемува стапката на раст на инфекцијата, што дава потенцијал да се подготват доволно дози во случај на, на пример, втор бран на епидемија. Проектот беше кофинансиран од Агенцијата за медицински истражувања.

Слични содржини