Борел: Белград и Приштина постигнаа договор

од Берта Китинска

Како дел од дијалогот поддржан од ЕУ, Србија се согласи да ги укине документите за влез/излез за оние со косовски лични документи, а Косово се согласи да не ги воведува за оние со српски лични карти, објави на Твитер високиот претставник на ЕУ Жосеп Борел, наведувајќи дека е постигнат договор.

„Косовските Срби, како и сите други граѓани, ќе можат слободно да патуваат меѓу Косово и Србија користејќи ги нивните лични карти. ЕУ штотуку доби гаранции од премиерот Курти за таа цел“, рече претставникот на ЕУ.

„Ова е европско решение. Им честитаме на двајцата лидери за оваа одлука и на нивното лидерство“, додаде Борел.

Слични содржини