Борел: Обуката на украински пилоти на Ф-16 веќе започна во неколку земји

од Stefanija Kuzmanovska

Високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, денеска изјави дека во неколку земји веќе започна обуката на украинските пилоти за летање со борбени авиони од четвртата генерација Ф-16, посочувајќи ја меѓу нив и Полска.

Како што јави дописникот на украинската агенција „Униан“, Борел, пред состанокот на министрите за одбрана на ЕУ, изјавил дека му е драго што во неколку земји конечно започна обуката на украинските пилоти на авиони Ф-16.

„Ќе биде потребно време, но колку побрзо, толку подобро“, рече тој.

Слични содржини