Борел: Заедничка набавка на оружје на ЕУ за подобра поддршка на Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел, денеска треба да им предложи на министрите за одбрана на Унијата, кои се состануваат во Стокхолм, начин за поддршка на Украина во снабдувањето со оружје и муниција.

„Денес имаме важни одлуки на маса што треба да се донесат, денес не формално, туку политички. Ќе дадеме насоки за следниот (заеднички) состанок со министрите за надворешни работи. Прашањето е како подобро, побрзо и посилно да ја поддржиме Украина“, изјави Борел пред средбата.

Тој подвлече дека војната се уште беснее и дека на Украина ѝ треба повеќе муниција, па министрите ќе разговараат како да ја обезбедат.

Слични содржини