Бразил: Судот нареди апсење на функционери поради пропусти за време на немирите

од Stefanija Kuzmanovska

Врховниот суд на Бразил нареди апсење на шефот на јавната безбедност во главниот град Бразилија, откако приврзаниците на поранешниот претседател Жаир Болсонаро упаднаа во владините згради.

Судот, исто така, нареди апсење на Андерсон Торес, кој беше министер за правда на Болсонаро пред да ја преземе функцијата шеф на јавната безбедност овој месец во Бразилија, каде илјадници демонстранти упаднаа во Врховниот суд, Конгресот и претседателските канцеларии во неделата, пренесува „Ројтерс“.

Торес, кој беше сменет од функцијата во неделата, не беше во градот кога се случија немирите, откако полета за Флорида претходно овој месец.

Слични содржини