БРИМА: Наводите дека воопшто не сме спровеле анкета не се точни

од Vladimir Zorba

Од БРИМА Гаулп излегоа соопштение по вчерашните информации на порталите блиски до опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека воопшто не спровела анкета пред изборите и дека „СДСМ води само на непостоечки анкети“.

Повикувајќи се на наводи на Горан Момировски од Алфа ТВ, објавија дека таква анкета не постоела и дека истата била измислица на „провладините медиуми“.

Според анкетата на Брима, СДСМ и БЕСА имаат предност од 6.2% пред ВМРО-ДПМНЕ.

„БРИМА четири пати годишно редовно спроведува Омнибус истражување повеќе години. Во рамките на ова истражување е и секцијата за социо-политички стандардизирани прашања во рамки на Политичкиот Барометар на БРИМА. Овие податоци кои се сопственост на БРИМА ги нудиме на потенцијални клиенти кои се заинтересирани за нив. Истражувањето во јунскиот бран се спроведе од 5 до 14 јуни 2020 со телефонска анкета (CATI) со национално репрезентативен примерок N= 1174 испитаници на возраст 18+ години. Понудата ја прифати еден од клиентите со ексклузивно право на користење и објавување.

Наводите дека БРИМА воопшто не спровела анкета не се точни. Уште еднаш објаснуваме дека БРИМА НЕ ЈА ОБЈАВИЛА анкетата, а истата ја спровела во наведениот период. Дополнително БРИМА на 05 Јули 2020 има пратено до сите медиуми информација – корекција во која се појаснува точниот датум кога анкетата е спроведена“, се наведува во соопштението на Брима“, велат оттаму.

Слични содржини