„БРИТАНИЈА НЕ Е НЕВИНА“ Илјадници луѓе на улиците на Лондон, демонстрантите на колена му оддадоа почит на Флојд (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Собирот на демонстранти започна на плоштадот близу парламентот во Лондон како знак на солидарност со протестите против полициската бруталност во САД, но и како знак на протест поради полициското насилство и расизмот во Велика Британија.

Илјадници луѓе се собраа на плоштадот со транспаренти на кои пишуваше „животите на црните луѓе се важни“, „Стоп за полициската бруталност“ и „Велика Британија не е невина“.

Британскиот весник „Стандард“ објави дека околу 1.000 клекнале и молчеле една минута во центарот на Лондон.

Собраните извикуваа „Нема правда, нема мир“ и името на Џорџ Флојд.

Протестите ги организираше Движењето за животите на темнокожите.

Освен Лондон, протести се планирани во Манчестер, Кардиф, Шефилд и во други градови.

Протестите против полициската бруталност првично избија во Соединетите држави по смртта на Флојд, кој почина за време на апсење во Минеаполис, откако полицаец го држеше коленото на неговиот врат скоро девет минути, иако повеќепати рече дека не може да дише.

По Минеаполис, протестите и немирите се раширија насекаде во Соединетите држави.

Слични содржини