Британски министер: Путин има синдром на мал маж

од Stefanija Kuzmanovska

Британскиот министер за одбрана Бен Валас утринава беше гостин на радиото ЛБЦ каде рече дека рускиот претседател Владимир Путин има синдром на мал маж.

Валас: Ретко слушате за синдром на мала жена

-Сигурно мислам дека погледот на Путин за себе и светот е синдром на мал маж, мачо поглед. Ретко го слушате терминот „синдром на малата жена“. Секогаш го слушате синдромот на мал маж и тој го има – рече Валас.

Тој вчера рече дека постои многу реална опасност Путин да нападне надвор од границите на Украина. Валас ја опиша Русија како најдиректна и најголема закана за Европа.

Слични содржини