Брнабиќ: Србија ќе биде подготвена за проширување на ЕУ до 2030 година, но тоа повеќе зависи од Унијата

од Vladimir Zorba

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ денеска во Тирана изјави дека Србија дефинитивно ќе биде подготвена за проширување на ЕУ до 2030 година, но дали проширувањето ќе се случи повеќе зависи од ЕУ и европските внатрешни реформи.

На прашањето како го разбира тоа дека Шарл Мишел повторно ја споменал 2030 година како датум за проширување и дали по денешниот самит е пооптимист од претходно или не, таа му се заблагодарила на Мишел што зборувал за тој датум на секоја регионална средба и за неопходноста од посилен и појасен сигнал за проширување на ЕУ.

„Дали тоа ќе се случи до 2030 година зависи од ЕУ и нивните внатрешни реформи, а ние ќе бидеме подготвени и немаме дилема дали ќе бидеме подготвени или не“, изјави премиерот.

Слични содржини