Бродот кој го блокираше Суецкиот канал започна да се движи

од Stefanija Kuzmanovska

Товарниот брод Ever given кој е заглавен во Суецкиот канал скоро една недела, започна да се движи, објави компанијата Inchcape shipping.

„Ever given утрово во 4.30 часот беше успешно вратен на својата соодветна позиција и моментално е безбеден“, соопшти компанијата на својот профил на Твитер.

Порталите за следење на поморскиот сообраќај покажуваат дека брод од 200.000 тони се оддалечил од западната страна на каналот, еден од најголемите водени патишта во светот.

Долг колку четири фудбалски игралишта, товарниот брод кој превезува товар помеѓу Азија и Европа, се насука во вторникот во тесниот вештачки канал кој ја дели континентална Африка од Синајскиот полуостров.

Бродот престана да се движи низ каналот, каде поминува повеќе од 10 отсто од меѓународната поморска трговија. Секој ден од блокадата носи големи доцнења и трошоци за секторот.

Повеќе од 300 бродови чекаат на двата краја на каналот кој ги поврзува Црвеното Море и Медитеранот.

Слични содржини