Бројот на починати од коронавирус во Иран се зголемил на 54

од Aleksandar Todeski

Бројот на починати од коорнавирусот во Иран во последните 24 часа се зголемил на 54, а бројот на заразени на 978, соопшти портпаролот на иранското Министерство за здравство.

Според него, само во последните 24 часа се регистрирани 385 нови случаи на заразени, јавија британските медиуми.

Портпаролот на иранското Министерство ги повика Иранците да не патуваат без некоја посериозна причина и да останат во своите домови.

Слични содржини