Бројот на загинати во вулканската ерупција на Нов Зеланд се зголеми на 19 жртви

од Aleksandar Petrovski

Бројот на загинати во ерупцијата на вулканот на Нов Зеланд се зголеми на 19, откако уште едно лице ноќеска почина во болницата во Окланд, соопшти денеска локалната полиција.

Во моментот на ерупцијата на вулканот на 9 декември, на островот имало 47 лица, од кои 13 починале веднаш, додека повеќе од 20 беа хоспитализирани со изгореници.

Досега не се пронајдени тела на две лица за кои постои сомнеж дека исчезнале во морето по ерупцијата.

Слични содржини