Бројот на заразени во светот надмина 60 милиони, починаа скоро 1,5 милиони лица

од Stefanija Kuzmanovska

Според веб-страницата Worldometar, 63.073.287 луѓе биле заразени со коронавирусот во светот, а починале 1.465.186 лица.

Коронавирусот е регистриран во повеќе од 210 земји и територии од почетокот на пандемијата, која започна на крајот на декември минатата година во кинескиот град Вухан.

Најголем број на заболени и најголем број на смртни случаи од последиците на коронавирусот има во Соединетите држави, каде се евидентирани скоро 14 милиони заразени и 273.072 смртни случаи.

Следат Индија со 9,4 милиони, Бразил со 6,3 и Франција и Русија, кои забележаа повеќе од два милиони заразени. Шпанија, Велика Британија, Аргентина, Колумбија и Италија имаат повеќе од милион заболени.

Слични содржини