Буфон нема да ја продолжи кариерата во ПСЖ

од desk2

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон вчера го одигра последниот натпревар во дресот на Јувентус, но се уште не е познато дали ова е последниот натпревар во неговата кариера.

Буфон изјави пред неколку дена дека ова е негова последна сезона и дека по 17 години ќе го напушти Јувентус. Сепак, искусниот голман не сакаше да открие дали тоа значи дека тој ќе ја заврши кариерата или ќе одлучи да помине барем уште една сезона помеѓу стативите.

После тоа се појавија многу шпекулации околу продолжувањето на кариерата на Буфон, и како гром од ведро небо имаше веста дека 40-годишниот голман ќе оди во ПСЖ. Сепак, сопственикот на францускиот клуб Насер Ал Келафи ги негираше овие наводи и рече дека нема ништо од тоа.

„Буфон е фантастичен голман, но нашиот прв избор е Ареола и така ќе остане во следната сезона. Ме знаете сите добро, дали навистина мислите дека ќе ви кажам кои играчи ги следиме? Во моментов го имаме Ареола и тоа е нашиот број еден. Секој клуб сигурно го сака Буфон, но ние имаме избор на таа позиција“, рече Ал Келафи.

Слични содржини