Бугарија не ја крева рампата за Македонија до јуни, тврди Иванов

од Nikola Popovski

Новинар Зоран Иванов смета дека Бугарија нема да ја тргне блокадата на преговорите на Македонија со ЕУ, барем до јуни.

-Не верувам дека ќе се случи до крајот на француското претседателство со ЕУ, иако ова што сега се случува е одлично. Еден дијалог е воспоставен на највисоко ниво. Треба да се испратат пораки од двете општества и двете земји дека треба да се спуштат тензии и негативниот набој, вели Иванов во гостувањето на емисијата „Само вистина“.

Според него, владата на Кирил Петков е на стаклени нозе отколку македонската влада.

-Тоа му ги врзува рацете, затоа што двата клучни владини коалициски партнери се против кревање на рампата. Тешко ќе му оди на Петков, смета Иванов.

Слични содржини