Бугарското министерство за одбрана: Ќе испитаме дали имало воени гробишта кај Кавадарци

од Nikola Popovski

Наредена е инспекција во воените архиви за да се утврди точно каде се наоѓала теренската болница на 8 -та пешадиска дивизија Тунџа и воените гробишта кај Кавадарци. Воените архиви мора да утврдат дали се чуваат соодветните карти, или станува збор за историска хипотеза. Резултатите се очекуваат во понеделник, најавило бугарското Министерство за одбрана во соопштение за БНТ.

Причината е „можното сквернавење на бугарските воени гробишта во Република Северна Македонија“, кое македонското МНР категорично го демантираше.

Споменик од гранит со крст и спомен плоча на 193 -те бугарски војници убиени за време на Првата светска војна се наоѓаат на 12 километри од Кавадарци, во непосредна близина на новоизградениот автопат што треба да го поврзе Скопје со Прилеп.

Двете бугарски воени гробишта се наоѓаат во атарот на селото Дреново, каде што има споменици и гробишта, подигнати во 1916 година.

Во репортажата на „БНТ“, нивниот новинар Николај Минков вели дека на кавадаречкото подрачје не сретнале никаде гробишта на кои биле погребани бугарски партизани од првата светска војна, ниту дека имало сквернавење како што деновиве изјави бугарскиот претседател Румен Радев.

Слични содржини