Бугарското МНР, по три дена, сe огради од изјавите на Џамбаски во Скопје

од Stefanija Kuzmanovska

Политичарите и јавните личности од Бугарија и Северна Македонија имаат одговорна улога во градењето доверба и развивање на добрососедски односи меѓу двете земји, се вели во соопштението на бугарското МНР по провокативниот настап на европратеникот Ангел Џамбаски викендот во Скопје за време на одбележувањето на годишнината од смртта на Мара Бунева.

Бугарското МНР нагласува дека навреди и провокации се апсолутно неприфатливи и контрапродуктивни. За изјавите на Џамбаски се истакнува дека не го претставуваат официјалниот став на бугарската држава и не може да се толкуваат како такви.

Во организација на фондацијата „Македонија“, македонските бугари викендот се собраа на панихида по повод 95-годишнината од смртта на Мара Бунева. Меѓу нив беше и контроверзниот европратеник Ангел Џамбаски кој истакна провокативни пораки за територијални претензии. За него, македонските политичари се србомани кои вршат геноцид врз Бугарите, а Македонија ја нарече бугарска. Премиерот Димитар Ковачевски го нарече Џамбаски маргинален лик на кого не сака да му го крева рејтингот.

Слични содржини