Социјалдемократскиот сојуз за вечер закажа седница на Централниот одбор на партијата на која ќе се одлучува кога ќе бидат објавени компромитирачките материјали кои  ги поседуваат за власта.

 sdsm1
Извесно е дека ќе ја добие поддршката од членовите, но неизвесно е дали ќе ја обелодени стратегијата како и кога ќе бидат објавени материјалите.
Дел од членовите на Централниот одбор, за 24 Вести најавуваат дека планираат доколку има атмосфера за дебата, од лидерот Заев да побараат одговори за досегашното тактизирање со објавувањето на документите, со кое како што велат, опозицијата од офанзива се пресели во дефанзива, како и отчет што барал и зошто Заев решил да го извести лично Груевски за материјалите кои ги поседува и со која цел, како што велат, преговарал со премиерот.

Слични содржини