Чавушоглу: Состанок за напредокот на Шведска и Финска во август

од Stefanija Kuzmanovska

Турските власти во август ќе се сретнат со своите колеги од Финска и Шведска за да го оценат напредокот на овие земји во исполнувањето на барањата на Анкара како дел од договорот за укинување на ветото на нивната кандидатура за членство во НАТО, изјави денеска министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Финска и Шведска поднесоа барање за членство во НАТО како одговор на руската инвазија на Украина, но се соочија со противење од Турција, која ги обвини дека ги поддржуваат групите што Анкара ги смета за терористички.

На минатомесечниот самит на НАТО во Мадрид, овие три земји потпишаа договор за укинување на ветото на Анкара, во замена за ветување за борба против тероризмот и запирање на извозот на оружје во Турција.

Анкара најави дека внимателно ќе го следи спроведувањето на договорот со цел да ги ратификува кандидатурите за членство на Финска и Шведска.

Во изјава за турската државна телевизија, Чавушоглу рече дека тематската средба во август ќе биде прва во рамките на надзорниот одбор формиран во согласност со договорот, но исто така повтори дека Турција ќе го блокира членството на овие земји доколку не ги исполнат ветувањата, пренесе британската агенција.

Слични содржини